Франција на нозе: И Макрон и Саркози ќе го убедуваат Мбапе да остане во Париз!

401

Тоа е држава, ете тоа е Франција. Имено како што известуваат попладнево медиумите во Франција, сегашниот претседател на државата Емануел Макрон и некогашниот Никола Саркози ќе го убедуваат Килијан Мбапе да остане во Париз, односно да остане во ПСЖ.

Макрон и Саркози ќе се обидат да го убедат младиот напаѓач преку свои “врски“ да му објаснат на Мбапе дека тој е национално богатство и дека без него Лига 1, односно фудбалска Франција ќе загуби многу.

Да се потсетиме дека фудбалерот сака да оди во Реал Мадрид, а ПСЖ со нова, басносливна понуда вредна 250 милиони евра за пет години, и тоа нето, сака да го “натера“ Мбапе да потпише нов договор и да остане на “Паркот на принцовите“.

ПретходноМајсторија на Елмас и асистенција, Наполи води на “Камп Ноу“! (ВИДЕО)
СледноБајевски: Вардар има цел, таа е враќање во Првата лига!