Вечерва во градското дерби на Торино, Јуве и Торино одиграа 1:1, во меч од 26.коло во Серија А. Со ова реми јасно е дека Јуве загуби два големи бода во битката за врвот на табелата во една од најсилните лиги, но сепак треба да се каже дека “биковите“ одиграа сосема квалитетно против големиот фаворит и градскиот ривал.
Јуве уште во 13.минута поведе и тоа со голот на Де Лихт кој убаво се снајде пред голот на гостите. И тој резултат, односно тие 1:0 важеа се до 62.минута кога Белоти погоди по асистенцијата на Брекало. Во продолжение од средбата Јуве со сите сили настојуваше да дојде до победнички гол но “биковите“ умешно се одбранија.