Ставре Јада, македонскиот натпреварувач во крос – кантри заврши на 56.местo на 30 километарската трка на ЗОИ во Пекинг. Оваа трка требаше да биде на 50 километри, ова е маратонот, но сепак поради лошите временски услови организаторо одлучија да скрати на 30 километри.
Јада ја мина делницата за 1:25:41.8 час или со заостанување од 14:09.1 минути во однос на победникот Алејксандер Бошунов кој го освои златниот медал. Втор беше неговиот сонародник Иван Јакимушкин, додека трет заврши Норвежанецот Кругер.