Шампионот падна пред Тотенхем, Ливерпул трие раце (ВИДЕО)

230

По серија од три последователни порази, Антонио Конте и неговите момци вечерва извојуваа херојска победа на „Етихад“ во Манчестер против актуелниот шампион и лидер на табелата во неверојатно драматичен финиш во кој видовме два гола во самото судиско продолжение.

Тотенхем водеше двапати до истекот на 90-те регуларни минути, но вистинска драма се случуваше во судиското надополнување. Кулушевски отвори за 1:0 со својот дебитантски гол во 4. минута на средбата, но домашните во 33. минута успеаја да израмната со голот на Гундоан.

Во вториот дел видовме вистински блесок на Хари Кејн. Англискиот голгетер најпрво погоди во 59. минута за водство од 2:1 и го однесе лондонскиот тим на чекор до победа. Сепак, по консултација со ВАР во 93. минута беше досуден пенал за Сити кој Марез го претвори во ново израмнување на 2:2.

Сепак, само две минути потоа, Тотенхем и Кејн повторно погодија за ново водство и конечна победа од 3:2.

На оваа победа на Тотенхем најмногу и се радуваат навивачите на Ливерпул, кој сега се враќа повторно во трка за шампионската титула.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноДО КОГА СТРАНЦИТЕ ЌЕ ПРАВАТ ШТО САКААТ? Срамен потег на Милошевиќ, му се нафрли на Хот (ВИДЕО)
СледноСтрумица победи во градското дерби, прва радост за Вардар