Лидс Ј. се врати од 0:2, но Јунајтед успеа да дојде до посакуван триумф (ВИДЕО)

127

Во исклучително возбудлив меч во кој беа постигнати дури 6 гола, фудбалерите на Манчестер Ј. обезбедија победа од 4:2 на гостувањето кај Лидс Ј. Мечот беше комплетно неизвесен, откако „ѓаволите“ водеа со 2:0 на полувреме, па дозволија на почетокот на вториот дел во две минути да примат два гола.

Јунајтед отвори со голот на Мегваер во 34. минута, а во завршницата на првиот дел Бруно Фернандеш веќе зголеми и на 2:0.

На стартот на второто полувреме домаќините во 53. и 54. минута успеаја да постигнат два гола и да дојдат до израмнување. Родриго и Рафиња беа стрелци на головите.

Сепак, момците на Рангник ги консолидираа редовите, па Фред и Еланга до крајот на мечот не само што ја вратија предноста за гостите, туку и ја потврдија победата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноШкупи чекор поблиску до титулата, Работнички без сила… (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноВенеција и Џенова си ги поделија бодовите