По бурните реакции околу дизајнот на новиот дрес на Македонската фудбалска репрезентација со кој нашиот национален тим ќе настапи на претстојното ЕП голем дел од нашите спортисти најдоа причина во јавноста да излезат со својот став.
По Горан Пандев, како капитен на репрезентацијата, се јави и Наташа Андонова нашата најдобра фудбалерка и исто така капитенот на репрезенацијата но во женска конкуренција.
„Никој никогаш нема да разбере колку има претрпено мојата земја, треба вистинска сила и достоинство да се биде дел од оваа земја МАКЕДОНИЈА, борбата никогаш нема да престане !
Црвено – жолта тоа е боја за која живот даваме“ – напиша Андонова и објави слика до „десетката“ и со Македонското знаме.