Само Миркуловски победнички во Бундес-лига

146

Двајца од тројцата македонските репрезентативци во Бундес-лигата немаа викенд според желбите, играа против многу посилни противници, па забележаа порази во рамките на 21. коло. Победнички оваа недела заврши само Филип Миркуловски.

Вецлар на искусниот репрезентативец дојде до важни бодови на домашен терен, го совлада Хамбург со 26-25 во доста интересен натпревар и остана на петото место на табелата во Бундес-лига. Миркуловски беше во составот, но не запиша ниту еден погодок.

Штутгарт на Жарко Пешевски беше гостин кај Фуксе Берлин, и беше совладан со убедливи 29-22. Овој дуел беше решен по првото полувреме, по кое домашниот состав имаше предност од 15-11. репрезентативниот пикер не успеа да се запише во листата на стрелци, имаше два неуспешни обиди.

Хановер пак на Филип Кузмановски беше домаќин на Кил. Не успеа да приреди сензација, пред се поради лошата игра во првото полувреме. Во овие 30. минути Хановер имаше негатива од седум гола (18-11), иако го доби вториот дел, сепак беше доцна за нешто повеќе, на крајот беше поразен со 26-29. Кузмановски на оваа средба запиша една асистенција.

ПретходноНевидено шоу на фановите на Базел по укинувањето на ковид – мерките во Швајцарија! (ВИДЕО)
СледноДокторе сила си…. (ВИДЕО)