Трагедија: Се удави ракометниот репрезентативец Никола Даниловски

2402

 

Трагични вести пристигнуваат од Охрид утринава. Од сеуште непознати за јавноста причини во Охридското езеро се удави Македонскиот репрезентативен голман и членот на РК Охрид Никола Даниловски.

Безживотното тело на Даниловски е пронајдено во Охридското езеро, и на него немало траги на насилство.
Според информациите со кои располага Охридската полиција и кои ги сподели засега со јавноста е дека тој се водел како изчезнат од синоќа, и по него интензивно се трагало во изминатите дванаесетина часа. Безживотното тело било пронајдено денеска во туристичката населба Лагадин во близина на Охрид.

Поради трагичната смрт на младиот голман, одложен е вечерашниот меч од Суперлигата во ракометната лига на Македонија, меѓу Охрид и Струга.

 

ПретходноАндонова: Треба вистинска сила и достоинство да се носи дресот на Македонија
СледноНеверување, тага, солзи – Македонскиот спорт загуби златно момче