Италијанскиот првак Интер доживеа пораз на домашен терен од Сасуоло со 0:2 со што направи чекор назад во трката по титулата во Серија А. „Нероаѕурите“ за првпат по мај 2018 година губат два меча по ред на домашен терен, односно три ако се смета и дуелот со Ливерпул во ЛШ. Да потсетиме претходно изгуби од Милан со 1:2.
Интер го запиша третиот пораз сезонава, а трет меч не успева да забележи победа (два порази и едно реми).
Головите за Сасуоло ги постигнаа Распадори и Скамака во првото полувреме.