Неверување, тага, солзи – Македонскиот спорт загуби златно момче

1701
Македонската спортска јавност денеска загуби едно од своите чеда. Репрезентативецот Никола Даниловски се удави во Охридското езеро и неговото безживотно тело беше пронајдено утринава.
Шок и неверување. Македонија загуби голем спортост, професионалец, другар, пријател, соиграч, кој секогаш пленеше со неговата насмевка, добра душа и ги правеше сите околу него среќни. Згасна млад живот кој имаше уште многу што да даде, Даниловски ќе биде запаметен како еден од оние кои имаа огромна перспектива и за кого секогаш ќе се прашуваме, што ако не се случеше таа трагедија…
Тој беше дел од младинската репрезентација која што учлевствуваше на Мундијалот 2017 година, заедно со Талески, Кузмановски, Томовски, Велковски….
Огромен талент кој се најде во потесен избор на селекторот Лазаров за последните квалификациски мечеви и на кој нашата ракометна легенда и тоа како сметаше за во иднина. Негов последен клуб беше РК Охрид кому со своите одбрани и добри игри му донесе перректен прв дел од сезоната, а исто така беше и столб во плеј офот.
Почивај во мир Никола и навивај за Македонија горе од небото. Ќе недостасуваш многу, премногу, а Македонија никогаш нема да те заборави. Засекогаш ќе останеш во нашите срца.
ПретходноТрагедија: Се удави ракометниот репрезентативец Никола Даниловски
СледноДуелот меѓу Охрид и Струга е одложен, останатите ќе почнат со минута молчење