Андреј Маслинко беше еден од најрадосните и најсреќните кошаркари по триумфот на ТФТ во Купот на Македонија. Секако дека своето задоволство не го криеше по мечот во кој неговиот ТФТ во една фантастична партија успеа да го победи МЗТ.
“Никој не очекуваше дека ќе дојдеме до тука.Само ние верувавме и ете успеавме на теренот.Ова е куп натпревар, се игра во една добиена,мислам дека мотивацијата е клучна на вакви мечеви. Издржавме машкина сите три средби, покажуваме заби, не се откажуваме и играме до крај. Во походот кон титулата во првенството одиме чекор по чекор.Прво одиме да нападнеме во тие шест да нападнеме, а потоа што биде нека биде“ истакна Маслинко.