Звезда го разнесе Партизан и го освои трофејот од Купот

281

Црвена Звезда е освоувач на Купот на Србија откако во финалето одиграно во Ниш со убедливи 85:68 го совлада вечниот ривал Партизан. „Црвено-белите“ тргнаа фуриозно и по првата четвртина имаа предност од 20:13, а на полувремето таа беше уште повисока 43:28.

Кошаркарите на Партизан пружија нешто подобра игра во третата и последната четвртина но недоволно за да направат пресврт.

Најефикасен на мечот беше кошаркарот на Партизан Лесорт со 19 поени, а кај Звезда Калиниќ постигна 18 притоа имаше и 4 асистенции, а Холинс 15.

ПретходноМаслинко: Само ние верувавме во себе, мотивацијата пресуди!
СледноУште еден блесок: Никола Ѓорѓиев ја освои и МЕВЗА лигата