Македонската ракометна јавност се збогува со Никола Даниловски, кој трагично го загуби својот живот. Безживотното тело на македонскиот репрезентативец беше пронајдено во Охридското езеро.
На својата официјална страница се огласи и Охрид, тимот чиј дрес го носеше Даниловски.
“Затечени и потресени сме од трагичната вест за прераната смрт на нашиот голман Никола Даниловски. Нашите мисли во овие моменти се со семејството на Никола, на кое му изразуваме длабоко сочувство. Загубата е огромна и не постојат зборови на утеха кои можат да ја намалат големата болка“, велат од РК Охрид.