На Бајиќ му е забрането да влезе во Косово, не може да патува со македонската репрезентација!

557

Македонската кошаркарска репрезентација во една хаотична ситуација ги стартува подготовките за дуелите со Грузија. По бројните играчки проблеми, дојде до неочкувана разврска со селекторот, Драган Бајиќ.

Нашата експедиција треба преку Приштина да патува за Грузија, но тоа ќе го стори без Бајиќ, кој за српските медиуми изјави дека има забрана за влез во Косово, па КФСМ бара ново решение за него, поточно нови билети.

„Јас сум шокиран од информацијата дека не ми е дозволено да влезам во Косово и тоа без објаснување. Ова е голем проблем за македонската федерација, бидејќи мораа да барат алтернативни решенија како да стигнам до Истанбул, од каде што после летаме кон Тбилиси. Решението е најдено, но ќе мора да пропуштам еден од двата предвидени тренинзи, бидејќи ќе мора порано да тргнат кон турската престолнина“, изјави Бајиќ за „Српски инфо“.

ПретходноДејвис: Ќе биде тешко, мора да бидеме перфектни во одбраната!
СледноИ официјално: Стефан Додиќ до крајот на сезоната во Вардар!