Ѓоковиќ збесна: Испрати сочни пцовки, реакцијата на Иванишевиќ стана хит (ВИДЕО)

12682

Новак Ѓоковиќ после 80 дена се врати на терените и дојде до победа. Без никаков проблем српскиот тенисер го совлада Лоренцо Музети со 2-0 на стартот на турнирот во Дубаи.

Иако на теренот се изгледаше добро, особено ако се земе долгата пауза која ја имаше поради забраната да учествува на Австралија Опен, Ноле во еден момент збесна. Наместо да го слави освоениот поен во вториот сет, тој испрати сочни „пцовки“ кон својот тренер, Горан Иванишевиќ, а истите не беше тешко да се дешифрираат.

„Зборувај бе. Зборувај бе п**ка…“, се дел од зборовите на Ноле. На ова неговиот тренер врати со насмевка.

ПретходноБарди одигра цел меч, Леванте освои бод во Виго (видео)
СледноПерез го менува тренерот поради Мбапе?