Иако се чини дека Реал Мадрид никој не може да го запре во походот кон титулата во Ла Лига, сепак местото на Карло Анчелоти не е сигурно. Не е првпат „кралевите“ да направат промена на клупата и покрај тоа што тренерот освојувал титули, тоа му се случи на Фабио Капело, но не под водство на Флорентино Перез.
Што е проблемот?
Лигата на шампиони пред се. Раната елиминација, како и неуспехот во Купот би можело да биде добар изговор за смена на Италијанецот, кој во првиот мандат во Реал Мадрид остана две години.
Зад аголот е Килијан Мбапе. Шпанските и француските медиуми пишуваат дека поради него на „кормилото“ на Реал може да дојде Маурицио Покетино. Според некој пишувања, Мбапе има подобар однос со Аргентинецот отколку со Анчелоти. Добро е познато дека Покетино не е среќен во Париз, но истовремено тој е прва мета на Манчестер Јунајтед.
Сето ова е најава за интересно лето, останува да видиме дали Анчелоти кој има уште година и пол од својот договор ќе си замине од клубот поради за да Перез ја исполни желбата на својот миленик.
Реал Мадрид има шест бода предност во однос на второпласираната Севиља, единствениот ривал во битката за титула оваа сезона.