Лука Дончиќ за време на главниот меч на Ол-Стар викендот беше пријатно изненаден од легендарниот Мајкл Џордан. Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, му дојде на Словенец од зад грб, го гушна, а потоа си разменија неколку зборови.
Дончиќ беше во шок, не можеше да поверува. По завршување на Ол-старот, тој го опиша моментот.
„Беше прекрасно. Не знам како да го објаснам овој момент. Едноставно е неверојатно. Џордан го знае моето име, тоа е многу. Немам зборови“, рече Дончиќ.
LUKA IS THE CHOSEN #NBA75pic.twitter.com/V6igauyWaw
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) February 21, 2022