Не е тајна дека во Барселона Лео Меси воопшто не играше во дефанзивата. Просто си се шеташе по теренот кога противникот беше во напад. И тоа се толерираше, секако дека така е и кога Меси игра за репрезентацијата.
Но, не е така во ПСЖ. Имено Лео се обидува да го наметне својот стил и во тимот од Париз, но соиграчите а посебно Португалецот Данило имаше и тоа што да му каже. Имено на мечот со Реал Мадрид по една негова грешка Меси не реагираше и не се врати во дефанзивата, па контрата на “кралевите“ мораше да ја спречува Данило кој притоа заработи и жолт картон. Следуваше „урлање“ и викање од Данило до Меси. Ретко видена сцена наназад 20 години откако Меси игра професионален фудбал.
Danilo fou de rage contre Messi qui ne revient pas défendre après la perte de balle 😳
📽 @RMCsport pic.twitter.com/kslc0EkMa3
— M|Miotto (@Maxmiotto_) February 20, 2022