Ѓоко Зајков, нашиот интернациналец во Украина, во тимот на Ворскла Полтава и покрај апелот на МНР на Македонија, тој нема намера, барем засега, да си замина од таа земја. Имено познато е дека Украина и Русија се на работ на војна.
Македонскиот репрезентативец вчера во интервјуто за „Телма“ покрај другото кажа дека засега останува во Украина.
„Знам за апелот на нашето МНР, но во консултации со одговорните во клубот одлуката е да останам во Полтава. Ми беше кажано дека нема место за паника, дека вака е со години. Дека тоа било вообичаено тука. Гледам дека ситуацијата е нормална. Во очекување сме на стартот на пролетниот дел“ рече Зајков.