Хавиер Тебас: Ако треба и четврти пат ќе се вакцинирам, верувам во вакцините

138

Претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас зборуваше за своите планови да се вакцинира по четврти пат. За тоа дали во блиска иднина може во фудбалот да се случи она што му се случи на Новак Ѓоковиќ во Австралија тој одговори:

Сакаме или не, одлуките на здравствените власти мора да се почитуваат. Во Шпанија вакцинирањето не е задолжително вклучително и во фудбалот. Jaс сум три пати вакциниран. Ако е потребна и четврта вакцина, прв ќе застанам во редот затоа што верувам во вакцините. Сметам дека е од витално значење, но нема да се мешам во одлуките на другите.

Дали невакцинираната личност е закана за општеството? Ако шпанските власти мислат така, нека ја направат вакцинацијата задолжителна“, изјави Тебас.

ПретходноЛазаров не успеа да донесе победа, Нант со реми кај Лемго
СледноЛШ: Челзи ја оправда фаворитската улога, Јуве со реми се враќа од Шпанија (видео)