Покетино поради француската ѕвезда добива работа од соништата?

716

Во изминатиот период Маурицио Покетино постојано е во центарот на вниманието. Веќе на големо се најавува неговото заминување од ПСЖ, пред неколку дена како главен кандидат за споменуваше името на Манчестер Јунајтед.

Но, сега во прв ред застана и Реал Мадрид. Таму се очекува на крајот на сезоната да се појави Килијан Мбапе, причина поради која аргентинскиот стратег би можел да седне на клупата на „кралскиот“ тим на местото на Карло Анчелоти.

Раководството на ПСЖ веќе планира да го смени Анчелоти иако Реал е прв во Ла Лига и го освои шпанскиот Суперкуп, но затоа пак беше елиминиран во Купот на кралот, а истото најверојатно ќе се случи и во ЛШ, каде на првата осминафинална средба е поразен со 1-0.

Токму Покетино е прва желба на Перез, двајцата со Мбапе би имале одлична соработка. Дека аргентинскиот тренер е на излезната врата во ПСЖ говори и неговиот лош однос со Леонардо, спортскиот дикректор.

Што ќе се случи од сето ова ќе видиме по завршување на сезоната.

ПретходноФуриозен старт во Мексико: Рафаел Надал изедначи рекорд!
СледноНов удар за Јувентус, остана без уште еден фудбалер!