Фуриозен старт во Мексико: Рафаел Надал изедначи рекорд!

264

Шпанскиот тенисер со победа стартуваше на турнирот во Акапулко. Рафаел Надал беше подобар од Денис Кудла, кој во моментов е на 100. позиција, го совлада со 2-0.

По сетови беше 6-3 и 6-2, ова беше 11. триумф во низа за Шпанецот со што го изедначи својот најдобар АТП старт по освоениот пехар на Австралија Опен.

Надал на овој меч лесно дојде до победата, не се соочи со ниту една брејк топка на свој сервис, а дуелот заврши за еден час и 17. минути.

Инаку шпанскиот тенисер е единствената надеж за да Ѓоковиќ остане на првото место на АТП листата, само тој може да го спречи Медведев да дојде до титулата во Мексико и да запоседне на врвот.

Медведев пак беше подобар од Беноа Пер со 2-0, по сетови 6-3 и 6-4.

ПретходноМанчестер Јунајтед одби да патува со руски авион
СледноПокетино поради француската ѕвезда добива работа од соништата?