Димитријевиќ: Не чувствувам притисок, среќен сум што ме гледаат како лидер!

255

Македонската кошаркарска репрезентација отпатува за Тбилиси каде утре ќе ги одмери силите во Грзуија, во рамките на првата фаза од квалификациите за пласман на СП 2023 година.

На оваа средба во составот нема да биде Ненад Димитријевиќ, кој веќе е во Скопје, но поради проблем со грбот, ќе игра само на реваншот закажан за 27. овој месец. Најдобриот македонски кошаркар верува дека Македонија има иднина, а шансата за триумф ја гледа на домашните мечеви против Грзуија и Украина.

„За жал оваа сезона имам проблем со повредите, влечам некои стари проблеми, затоа одиграв мал број на натпревари со Валенсија. Ќе се обидам да помогнам за дуелот со Скопје, ќе го дадам максимумот. Мора да бидеме фокусирани на двата меча со Грузија, особено оној на домашен терен и против оваа репрезентација и против Украина. Има иднина во оваа генерација, потребно е многу работа. Верувам дека ќе биде се подобро и подобро.

Кога ќе влезеш во националниот тим и кога ќе наполниш 18 години, нема млад или стар играч, има само добри и лоши. Не чувствувам притисок, среќен сум што ме гледаат како лидер на оваа генерација. Ќе пробам да им помогнам на помладите“, изјави Димитријевиќ. 

ПретходноНов удар за Јувентус, остана без уште еден фудбалер!
СледноНови детали за трагедијата: Сала бил отруен пред да се урне авионот!