Вардар оваа пролет како домаќин ќе игра во Маџари!

1011

Иако новото раководство на ФК Вардар ветуваше дека кога тимот ќе биде домаќин ќе игра на Арената “Тодор Проески“, но ништо од тоа. Вардар есента играше помалку во Маџари а повеќе на ФФМ, но сега, поточно во пролетната полусезона во ВМФЛ – ЗАПАД, Вардар ќе биде домаќин на стадионот во Маџари или “Борис Трајковски“. Барем такви се најавите.

Ова доаѓа поради фактот дека на ФФМ се изведуваат зафати во пресрет на се она што следува оваа пролет, сите оние натпревари на нашите млади селекции, па затоа не може да се користат овие терени на Фудбалската федерација.

Ова значи дека веќе во сабота, мечот меѓу Вардар и Тетекс од 17.коло е закажан за на Маџари со почеток од 14 часот.

ПретходноШевченко со порака до Украинците: Да се обединиме, заедно сме посилни, ќе победиме!
СледноЛегендарниот Алан Жирес е нов селектор на Косово!