Ристовски: Престанете да го прозивате Петковиќ

685
Хрватската јавност е во очекување на реванш дуелот од елиминационата фаза од Лигата на Европа во која нивниот Динамо Загреб со Аријан Адеми и Стефан Ристовски во составот, „брка“ негатива од 3:1 против моќната Севиља на домашен терен. Хрватите се свесни што и како може Динамо, а на удар на голема критика е Бруно Петковиќ, напаѓачот кому не му оди најдобро во моментов. Динамо не победи на изминатиот викенд против Локомотива на Максимир, а оттогаш наваму критиките кон Петковиќ ескалираа. Во негова одбрана застанаа многумина, меѓу кои беше и нашиот Стефан Ристовски, капитенот на репрезентацијата на Македонија, кој очигледно чувствуваше должност да го одбрани својот соиграч.
„ДА го оставите веднаш Петковиќ на мира. Да може да продолжи да оди нормален живот, и да му се посвети на фудбалот и на Динамо најдобро што може. Секој од нас има  добри и лоши моменти. Не ми е јасно зошто толку многу се драматизира околу неговата ситуација. Бруно никому ништо не сторил лошо. Тој може само да ја реши Севиља утре“ – изјави Ристовски. 
ПретходноГрузија без Шенгелија ќе ја напаѓа Македонија!
СледноГрнчаров и официјално се врати во Вардар