Претседателот на Атлетико, Енрике Сересо ги коментираше гласините дека клубот е во потрага по нов тренер кој ќе го замени Диего Симеоне. Ова доаѓа секако по серијата лоши резултати на клубот, кој сезонава се мачи на резултатски но и на играчки план.
„Симеоне е важен дел од нашиот клуб. Ниту во еден момент не помисливме да се разделиме со него. Би било грдо и чудно да почнам да барам замена токму сега“, изјави Церес за „Марка“.