Машката кадетска репрезентација ги доби противниците за ЕХФ шампионатот кој ќе се игра во Летонија. Нашите ракометари добија добра група, ќе играат против домаќинот на ова првенство, Летонија, Турција и Косово.
Во втората група се најдоа селекциите на Русија, Швајцарија, Луксембург и Белгија.
Младинската ракометна репрезентација пак настапи на ЕХФ шампионатот во Варна, Бугарија од 14 до 23 јули. Tаму за противник ќе ги има селекциите на Израел, Литванија, Грција, Луксембург и Велика Британија.