ПОЛУВРЕМЕ ВО ТБИЛИСИ: Тешко оди, Македонија има негатива од 15 поени

225

Македонската кошаркарска репрезентација по првото полувреме во Тбилиси има негатива од 46-31. Грузија максимално го користи нашиот проблем, некомплетниот ростер, па ќе биде тешко да се добие оваа средба.

Македоднија нема решение за страшниот тандем Шермандини – Мек Фејден, двајцата засега се незапирливи, заедно постигнаа 32 поени. Војдан Стојановски со девет поени е прв стрелец кај нас.

Противникот поведе со 12-5 на стартот на натпреварот, но нашите момци со серија од 2-8 намалија на 12-9, а потоа и на 14-13. Ефремовски намали на 24-18 по првата четвртина.

Во третиот период за пет минути игра, домашниот состав направи серија од 12-2 и поведе со 36-29. Единствените два поени кои ги постигнавме во овој период беа преку Војдан Стојанвски. Јончевски повика тајм-аут. Успеавме да стави крај на агонијата, барем на кратко.

Засега фалат поените на Џејкоб Вајли, кон на крајот на втората четвртина ја направи третата лична грешка. На одморот нашите кошаркари заминаа со негатива од 15 поени (46-31).

ПретходноЧурлинов ќе игра со нов дрес: Шалке го тргна “Гаспром“!
СледноВерстапен и Фетел ќе ја бојкотираат трката за ГН на Русија во Сочи!