ФИФА се огласи за војната во Украина

243

Руските сили вчера ја нападнаа Украина, започнувајќи нова војна, сцените кои доаѓаат од оваа земја го шокираа целиот свет, вклучувајќи го и првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

„Она што го видов ме шокираше. Многу сум загрижен поради оваа ситуација. ФИФА ја осудува употребата на сила“, изјави Инфантино на прес-конференција.

Русија на 24 март во Москва треба да го игра баражот за Мундијалот со Полска, а потоа евентуално на 29 март ќе игра против подобриот од мечот Чешка – Шведска. Сите тие, освен Русија, ја повикаа ФИФА да ги повлече натпреварите од Русија.

На настаните во Украина реагираше и Меѓународното здружение на спортски новинари (AIPS), кое го осудува нападот врз Украина.

„Соочени со оваа хуманитарна трагедија што ја погоди Украина, АИПС ја осудува одлуката на Владимир Путин да спроведе, како што самиот рече, специјална воена операција која ја потресува не само Украина, туку и Европа и светот“, се вели во соопштението на АИПС.

Воената операција го прекина и олимпиското примирје, бидејќи Параолимписките игри ќе се одржат во Пекинг од 4 до 13 март.

ПретходноПо три години му се врати на фудбалот – Марк Хјуз на кормилото на англиски клуб
СледноФиналето на ЛШ ќе се игра во Париз на „Сен Дени“!