ЕВРОЛИГА: Звезда падна во Атина, Монако го уништи Фенер

64

Кошаркарите на Црвена Звезда се поразени во Атина од Панатинаикос со резултат 79:73 во рамките на 27. коло на Евролигата. Избраниците на Дејан Радоњиќ не успеаа да стигнат до седмата едноподруго победа во сите натпреваривања, односно втора над Панатинаикос сезонава.

Два пати имаа предност од +9 меѓутоа поради падови во играта не можеа да го одржат водството до крај.

Кај Панатинаикос најефикасни беа Дејан Недовиќ со 25 поени и Кавадас со 17, додека кај Звезда се истакна Вајт со 14 поени и 12 скокови.

А Монако го совлада Фенербахче со 92:78. Турскиот тим добро се држеше во првата четвртина, а потоа немаше никакви шанси. Диало постигна 23 поени, а Мотејунас 18 во редовите на Монако, додека кај Фенер најефикасен беше Де Коло со 19 поени.

 

ПретходноБразилски фудбалер доби украинско државјанство, сега стравува дека може да го натераат да војува
СледноХофенхајм во последните минути обезбеди пресврт победа против Штутгарт (видео)