Интер не го искористи киксот на Милан, одигра без голови во Џенова

140

Италијанскиот првак Интер остана без два бода во дуелот со Џенова вечерва во меч од 27. коло. „Нероаѕурите“ имаа шанса бодовно да се изедначат со Милан на врвот откако „росонерите“ одиграа 1:1 со Удинезе, меѓутоа четата на Симоне Инзаги не успеа да победи.

Освои само бод иако беше многу подобар противник и создаде многу шанси за погодок. Ова е седмо реми за Интер сезонава, а четврти меч по ред не знае за победа.

Џенова е претпоследна на табелата.

 

ПретходноЛеванте блесна против Елче, Барди влезе во финишот
СледноНадал фуриозно преку Медведев до финале, Британецот го шокираше Циципас (ВИДЕО)