Абрамович на удар на Британците, Тухел искрен: Ситуацијата е ужасна!

373

Томас Тухел, тренерот на Челзи, призна дека во клубот ситуацијата не е добра во руската инвазија во Украина. Газда на тимот е Роман Абрамович, кој е протеран од Велика Британија, како и останатите Руси. Поради санкциите од страна на оваа земја, тој секојдневно губи милиони евра.

„Не смее да се преправаме дека немаме проблем. За мене и за сите луѓе во клубот, ситуацијата е ужасна, никој не го очекуваше ова. Нашите глави се цврсти, сето ова изгледаше нестварно. Загрижени сме поради сите луѓе и семејства во оваа војна. Нашите мисли се со нив, тие се најважни. Војната во Европа со години беше незамислива“, изјави Тухел.

УЕФА вчера и ја одзеде организацијата на Русија за финалето во Лигата на шампиони, истото ќе се одржи во париз.

„Целосно ја разбираме таквата одлука. Повеќе би сакал да зборам за фудбал, но сфаќам дека тоа е невозможно во овие моменти“, коментираше Тухел.

ПретходноЗАПАД: Кој ќе биде “ГАЗДА“ во Охрид, Вардар мора да го победи Тетекс, лидерот кај Беса…
СледноСведоштво на Шебетиќ: Никој не мисли на ракомет, спасуваме живи глави!