Бајиќ и натаму „позитивен“, Димитријевиќ и Магдевски во строј (ФОТО)

217
dimitrijevic mkd trening

Македонската кошаркарска репрезентација ќе биде посилна за Ненад Димитријевиќ и Андреј Магдевски на утрешниот меч со Грузија во Скопје. И двајцата наши интернационалци кои не играа на првиот меч во Тбилиси поради повреди, веќе и се приклучија на репрезентацијата пред утрешниот дуел.

Настапот на Магдевски се уште е под знак прашалник, но останува да се очекуваат последните лекарски препораки. Сепак, селекторот Драган Бајиќ и утре нема да биде на клупата на нашиот состав. Тој и на последното ПЦР тестирање бил позитивен и нема „зелено светло“ да ја предводи репрезентацијата на утрешниот квалификациски дуел.

ПретходноИСТОК: Водечките пред нови победи…
СледноПолска објави дека нема да игра против Русија во баражите за СП 2022!