Победничката серија на РК Алкалоид продолжи и вечерва во Куманово. На дерби дуелот од 16. коло, дебитантот славеше како гостин над РК Куманово со 34:27 (полувреме 15:11) и со ефект од 15 победи и еден нерешен меч го одбрани првото место на табелата.
Средбата во Куманово беше израмнета во поголемиот дел од првиот период, а РК Алкалоид со серија од 5:0 во финишот на полувремето го скрши отпорот на противникот. Во второто полувреме, скопскиот тим имаше целосна резултатска контрола и успешно го приведе мечот до крајот.
Мартин Димовски и Теодор Тодески со по шест постигнати гола беа најефикасни, по пет гола постигнаа Александар Стојков и Дарио Кофилоски, а Мартин Серафимов и Игор Ѓорѓиев постигнаа по четири гола.
Во следното коло РК Алкалоид одново гостува, и тоа кај единствениот ривал за првото место во групата, екипата на РК Голден Арт.