Доминација на Кристоферсен и на вториот слалом во Гармиш

367

Како и вчера, така и денеска. Победник на вториот слалом во Гармиш-Партенкирхен, Германија, е Норвежанецот Хенрик Кристоферсен. Возбудливата сезона на Светскиот куп во слаломски трки продолжи, па Кристоферсен стана првиот скијач кој постигнал две победи во слалом оваа сезона, а воедно и го презеде водството во трката за малиот кристален глобус.

Второто место му припадна на Британецот Рајдинг, додека третото го освои Линус Штрасер од Германија.

Интересен беше и исходот на трката, а звучи неверојатно тоа што сите тројца лидери излетаа од патеката во второто возење.

ПретходноШкупи летна на +10, на Чаир се лади шампањското! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноНов „Дијамант“ во Работнички: Мухамед Елмас со 16 години и 28 денови дебитираше во ПМФЛ!