Денеска во Охрид, со почеток во 14 часот на стадионот “Билјанини Извори“ прволигашки фудбал. Пелистер ја дочекува Ренова, меч кој требаше да се игра вчера во Битола, но поради снегот истиот беше одложен и презакажан за денеска. Со овој меч завршува и 21.коло во ПМФЛ.
Главното прашање е дали Пелистер има сила достојно да им се спротивстави на силните “гипсари“. Нема никакви дилеми околу тоа кој е фаворит, кој би требало да ги однесе бодовите од Охрид, дали тие ќе одат во Тетово или во Битола.
Сепак треба да се знае дека првите два пролетни меча битолчани ги губеа во финишот. И Работнички и Тиквеш славеа против Пелистер со голови дадени во последните минути, така да на Ренова и покрај фаворитската улога секако дека нема да и биде нималку лесно.
Пелистер е во серија од 20 меча во ПМФЛ без победа, 5 ремија и 15 порази, Ренова пак по триумфот во Штип, дома беше шокирана од Македонија ЃП, па денеска ќе сака да се “вади“.
Во секој случај не очекува интересна фудбалска битка а Охриѓани по подоло време ќе можат да проследат прволигашки фудбал.