Милан и Интер одиграа без голови во првиот полуфинален меч од Купот на Италија. Долгоочекуваниот меч ги разочара љубителите на фудбалот со оглед на тоа дека двете екипи некако се плашеа да одиграат отворено, повеќе тактизираа одошто да се фрлат на победа.
Мечот почна со две добри шанси за Милан, Хандановиќ го одбрани ударот на Салемакерс, а потао Тео Ернандез шутна покрај голот. Во 24 минута Пиоли мораше да менува поради повредата на Ромањоли.
Во второто полувреме двајцата тренери со измени ја освежија екипата, но тоа не донесе резултат. Интер веќе четири меча по ред нема постигнато гол, а Милан засега се задоволни што и во третото градско дерби оваа сезона не впишаа ниту еден пораз.
Реваншот е на 20 април, а да потсетиме дека утре во другото полуфинале ќе играат Фиорентина и Јувентус.
Foto> Twitter/ACMilan
Theo Hernández 🇫🇷, de los laterales izquierdos más peligrosos que hay en Europa. Gran repertorio.pic.twitter.com/yarMX9Ej3Z
— Licha Barraza (@LeandroBarrazaB) March 1, 2022