Украинскиот репрезентативец Андриј Јармоленко ги повика колегите од националниот тим на Русија да излезат и да се спротистават на воената агресија на Русија врз Украина.
„Зборував со повеќето од вас и знам дека не ја одобрувате војната и сметате дека вашиот претседател не постапува правилно. Момци, вие имате големо влијание врз народот и покажете го тоа. Ве молам, излезете и покажете го тоа. Нема време за чекање. Имате „мадиња“ на теренот, сега дојде време да излезете и да покажете “мадиња“ и во реалниот живот“, изјави Јармоленко.
„Јас сум роден во Санкт Петербург, но сум израснал во Украина и себе си се сметам за Украинец. Затоа уште еднаш ги повикувам руските репрезентативци: Момци зошто се криете и ништо не кажувате? Во Украина се убиваат луѓе, жени, мајки, деца, а вие ништо не кажувате, ништо не коментирате. Кажете ми што ви пречи за да се обедините со нас и да покажеме дека не сакаме да војуваме“, додаде Јармоленко, инаку играч на Вест Хем.
Претходно Виталиј Миколенко директно му се обрати на рускиот капитен Артјом Ѕјуба во врска со војната во Украина.
Украинскиот бек со остри зборови за капитенот на Русија: „Ќе скапеш во зандана до крајот на животот“