Македонската женска ракометна репрезентација на 6. март ја пречекува Словенија во СЦ „Борис Трајковски“ во рамките на ЕХФ Купот. Од ракометната федерација на Македонија објавија дека овој меч ќе се игра пред публика, според превентивните мерки за заштита од Ковид-19, доволено е 50% од капацитетот на салата.
„Ве известуваме дека за ракометниот натпревар во рамките на ЕХФ купот помеѓу Словенија и македонската национална женска селекција кој ќе се одигра во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ на 06.03.2022 г. (недела) влезот е слободен.
Согласно Одлуката на Владата за превентивни мерки против вирусот Ковид-19 дозволен е максимум 50% исполнетост на капацитетот на спортскиот објект .
При присуство на натпревар, односно за влез во спортскиот објект потребно е лицата да поседуваат и приложат еден од следниве документи :
– сертификат/потврда за извршена имунизација од вирусот (вакцинација) од вирусот Sars-Cov-2, односно примена најмалку една доза на вакцина против заразната болест Covid-19 или :
– сертификат/потврда за прележан Covid-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравување“, се вели во известувањето на РФМ.