ЗАПАД: Време е Силекс да победи, Вардар на гости кај Гостивар, Воска под Шара…

427

Попладнево од 14 часот на програмата се сите пет меча од 18. коло или последно од вториот круг во ВМФЛ – ЗАПАД. По завршување на денешните средби ќе го имаме и целиот распоред на мечевите од последните девет кола во пролетниот дел, оној “бергер“ распоред.

И денеска ќе биде бурно на Западот, како што беше во минатите кола. Силекс дома игра со Кораби, време е да дојде до првата пролетна победа, во спротивно кратовци ќе влезат во големи, големи проблеми.

Да видиме дали Вардар има сила и знаење да триумфира на тешкото гостување во Гостивар против истоимениот тим. Во случај да не ги освои сите три бода се чини дека вардарци уште сега можат сами себе си целосно да се отпишат од битката за баражот.

Воска Спорт која најави дека тргнува во потера по лидерот Силекс гостува под Шара, и тоа кај Тетекс. Овој меч се игра на теренот на АМС во Тетово.

На останатите два меча се среќаваат Охрид – Велешта, тоа е локално дерби и Кадино – Беса.

ДВОЈКИ ЗА 18.КОЛО ВО ВМФЛ – ЗАПАД (ДЕНЕСКА 14 Ч)

СИЛЕКС – КОРАБИ

ГОСТИВАР – ВАРДАР

ТЕТЕКС – ВОСКА СПОРТ

ОХРИД – ВЕЛЕШТА

КАДИНО – БЕСА

ТАБЕЛА

1.СИЛЕКС 43

2.ВОСКА 38

3.ВАРДАР 33

4.ТЕТЕКС 24

5.ГОСТИВАР 21

6.КОРАБИ 20

7.БЕСА 17

8.ВЕЛЕШТА 17

9.ОХРИД 16

10.КАДИНО 6

ПретходноНема место за Руси во Формула1: Тимот Хас го избрка Мазепин!
СледноИСТОК: Коло на дерби дуели, Слога (В) – Саса, Победа – Беласица