Баерн киксираше против Баер (ВИДЕО)

81

Иако на самиот старт на мечот со голот на Зиле, тимот на Баерн Минхен поведе во дуелот со Баер Леверкузен, сепак гостите потоа со автоголот на Томас Милер израмнија на 1:1, а што е уште поважно успеаа и да останат непоразени на Алианц арената. Ова секако дека му оди во прилот на тимот на Борусија Дортмунд кој со сите сили се обидува да се доближи до лидерското место.

Херта на домашен терен прописно се обрука со поразот од 1:4 против тимот на Ајнтрахт и со тоа влезе во зоната за испаѓање со само до сега освоени 23. бода.

 

 

Резултати:

Баерн Минхен – Баер Леверкузен 1:1

Бохум – Гројтер Фурт 2:1

Херта – Ајнтрахт Ф. 1:4

Ред Бул Лајпциг – Фрајбург 1:1

Волфсбург – Борусија М. 1:0

Претходно„Десетка“ за Магдевски, пораз за Плоешти
СледноЕспањол рутински против Гетафе