Против Србија без Младеновски, Станковски сеуште под знак прашалник

451

Макдонската репрезентација до 21. година својот следен квалификациски предизвик го има во селекцијата на Србија. Мечот го играме на гостински терен, на стадионот на Вождовац во Белград на 24 март во 17:00 часот.

Селекторот на нашата селекција, Драган Канатларовски за овој дуел дефинитивно не може да смета на Марио Младеновски кој има недозволен број на жолти картони во оваа кампања и овојпат ќе мора да паузира. Од друга страна пак, не е позната сеуште до крај ситуацијата со Лука Станковски, играчот на Газиантеп кој се опоравува од незгодната повреда на зглобот, и не се знае точно дали ќе успее да се опорави до крај.

Од нашиот табор пак засега потврдуваат дека дефинитивно се фит и пристигнуваат интернационалците, Енис Фазлагиќ, Томче Грозданоски, Адријан Хајдари, Филип Антовски, Амел Рустемоски и Марио Илиевски. За конечниот список пак, селекторот Канатларовски ќе почека да помине и ова тековно коло кое кај нас пак е одложено за в среда поради лошите временски услови.

 

Претходно158. дерби приказна на „вечните“ ривали Работнички и МЗТ Скопје!
СледноСакаше да се тепа, па виде дека „против“ него е Ериксен (ВИДЕО)