На стартот на денешната програма во Серија А, екипата на Џенова имаше една од последните шанси сезонава да фати бодовен приклучок и да се спаси некако од испаѓање но наместо тоа на домашен терен одиграмо само 0:0 против Емполи.
Џенова не успеа да создаде ниту ситуација ниту простор за освојување на трите бода денеска, и покрај дваесетината удари кон противничкиот гол.
Со освоениот 18. бод сезонава Џенова и натаму е претпоследна и со многу мали шанси да се спаси, додека пак Емполи веќе има 32. бода на своето конто и осигурано уште една сезона во Серија А.