Александар Омод Килде триумфира во претпоследниот супервелеслалом сезонава и си го осигура малиот Кристален глубус во оваа дисциплина во Светскиот куп . 29-годишниот Норвежанец победаи за прв пат пред своја публика во норвешкиот зимски центар Квитфиел со најдобро време 1:25.91 минути и ја запиша седмата победа сезонава и 13-та во кариерата.
Килде е недостижен на табелата во Супер-Џи категоријата, тој има 480 поени и 130 повеќе од вториот Матијас Маер пред последниот старт сезонава во Супер-џи во Куршевел.
Инаку Килде втор пат во кариерата го освои малиот Кристален глобус во супервелеслаломот, а првиот пат во 2016 година. Тој е и носител и на големиот Кристален глобус од 2020 година.
На денешната трка Канаѓанецот Џејмс Крофорд го освои второто место со 0,07 секунди послабо време, а тој прв пат е на подиумот во Светскиот куп. Олимпискиот шампион од супер-џи од Пекинг 2022 Матијас Маер од Австрија го освои третото место.
Во генералниот пласман води Марко Одермат, кој денеска направи грешка и заврши на 28 место со задоцнување од 1,68 секунди во однос на времето на Килдер.