МЗТ Скопје и натаму е класа за Работнички (ФОТО)

438

За разлика од првата средба оваа сезона, пресметката меѓу вечните ривали во „Кале“ беше далеку понеизвесна, но не и квалитетна. Победата ја однесе МЗТ Скопје, славеше со 83-89 во рамките на 17. коло во Првата лига и во дебито на Александар Петровиќ. Македонскиот првак се изедначи со Пелистер, сега и двата тима имаат по 31 бод.

Дејвис со 21 поен и 8 скока го предводеше својот тим, зад него беше Војдан со 14 поени и Милошевиќ со 13 поени. Кај домаќинот, Едвин имаше 33 поени во првиот меч во дресот на „црвено-белите“, повратникот Балмазовиќ запиша 16 поени.

Еден поинаков Работнички видовме вечерва, благодарение еден од двајцата Американци. Деон Едвин во првото полувреме постигна 22 поени, речиси половина од вкупните на својот тим во овој дел од натпреварот. На другата страна актуелниот македонски првак немаше решение за него.

МЗТ Скопје не очекуваше ваков отпор на противникот. Во составот на Петровиќ не беше Бојан Крстевски, но затоа пак се врати Адем Мекиќ. Гостите лесно го отворија дуелот, по 3-6, вратија со серија од 11-0 за водство од 6-14. Иако впечатокот беше дека ќе продолжат во ист ритам. Едвин влезе во ритам, а дуелот доби поинаков тек. Работнички по првата четвртина водеше со 29-26. И тука не застана дојде на плус пет 34-29. Водството се менуваше, а со минимална предност на одморот замина домаќинот (46-45).

По четири минти игра во третиот период, Работнички одново поведе со пет поени (58-53), по што следеше брз одговор на шампионот во креација на Рикиќ, Дамјан (7 поени), Дејвис и Николов, со серија од 16 поени, МЗТ Скопје дојде до прв двоцифрена позитива од 58-69 во 29 минута. Михајловски во овој период зема два тајм-аута, кој не помогнаа.

Во решавачкиот последен период најтрофејниот влезе со негатива од 64-72, направи серија од 10-1 и го превзема водството на мечот (74-73). Дејвис кој на кратко излезе поради судир со кошаркар на Работнички, го крена својот тим, па МЗТ Скопје со серија од 9-0 дојде на позитива од 74-82 на две и пол минути до крајот. Но, ниту ова не беше доволно, Едвин доближи на 80-82. По два промашени напади на домаќинот, Милошевиќ и Војдан го исцртаа патот кон триумфот (82-87).

ПретходноРангник: Не бевме ловци, а третиот гол нè „уби“
СледноТанде со триумф во Осло, Крафт со трофејот на „Рав ер 2022“