Милан се врати на чело на табелата во Серија А по триумфот над Наполи на „Диего Марадона“ со 1:0. Голот вреден три бода го постигна Оливие Жиру во 49. минута. Наполи со овој пораз направи чекор назад во трката по шампионската титула, сега има три бода помалку од лидерот Милан по 28 одиграни кола.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра кај Наполи во 67. минута на местото на Лоренцо Инсиње но не успеа да ги помрдне од место работите во редовите на домашниот тим. За гостите во финишот влезе Златан Ибрахимовиќ кој долго време отсуствуваше поради повреда.