Стојчев и Јовановска нови кадетски шампиони во пинг-понг

65

Изминатиот викенд се одржаа првото Државно Првенство за 2022 година во пинг-понг. Првенството за кадети/ки помлади од 15 годинисе одржа во Струмица, а на него настапија околу 40 играчи.

Кај момчињата во тесна борба титулата му припадна на Лука Стојчев член на екипата ППК Шампион Фа од Штип. Втор заврши Александар Јакимовски од ППК Крива Паланка, додека третото место го поделија Андреј Стојановски од ППК Крива Паланка и Лука Дворник од ППК Рисови.

Кај девојките изненади малата Фани Јовановска од ППК Крушево која со само 13 години ја освои државната титула. Втора беше Изабела Ковачовска од ППК Берово, а третото место го поделија Моника Стајковска од ППК Берово и Матеја Смолиќ од ППК Рисови.

Викендов во Струмица се одржа и првиот Телеком Мастерс бодовен турнир во конкуренција сениори/ки помлади од 21 година.  Победници на овој турнир се:

Дамјан Стојчев – ППК Шампион Фа и Ана Стојановска – ППК Крива Паланка.

ПретходноВо Манчестер Ј. шокирани од односот на Роналдо: Пред мечот со Сити си заминал во Португалија!?
СледноПеп отворено: Ливерпул е најтешкиот противник во мојата тренерска кариера