Пеп отворено: Ливерпул е најтешкиот противник во мојата тренерска кариера

192

По вчерашната победа во градското дерби со Јунајтед, менаџерот на Манчестер Сити, Хосеп Гвардиола, го нарече Ливерпул најтешкиот противник во неговата тренерска кариера.

„Сакам да кажам дека Ливерпул ми предизвикува нелагодност и грижи. Многупати сум кажал дека мојот успех како тренер лежи во тоа што од година во година сè уште брзаме напред, сакајќи да им докажеме нешто на другите, дури и по три освоени титули. Остануваме скромен клуб и продолжуваме да го играме секој натпревар подобро од претходниот, да покажеме резултати, затоа сме на врвот. Ливерпул е најтешкиот противник со кој сум се соочил во мојата тренерска кариера“, изјави Гвардиола.

Битката за титулата во Премиерлигата продолжува. Манчестер Сити има 69 бода на 28 натпревари, додека Ливерпул е веднаш зад него со шест бода помалку, но и меч помалку.

ПретходноСтојчев и Јовановска нови кадетски шампиони во пинг-понг
СледноМоралес, Граџан и Периќ во „најдобрите 7“ на СЕХА лигата за февруари (ВИДЕО)