Во Манчестер Ј. шокирани од односот на Роналдо: Пред мечот со Сити си заминал во Португалија!?

471

Големата ѕвезда на светскиот фудбал и на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо ги шокираше соиграчите и раководството со својата одлука во пресрет на вчерашното гостување кај Манчестер Сити во 28. коло на англискиот шампионат.

Според магазинот „Атлетик“, штом станало јасно дека тој нема да биде во тимот поради повреда, решил да си замине во Португалија. Тој пријави повторување на повредата на колкот што го мачи на почетокот на оваа година, по што си заминал во татковината.

Изворите велат дека патувањето ги налутило сите во соблекувалната на Јунајтед, со оглед на значењето на натпреварот. Повредените играчи не се обврзани да присуствуваат на натпреварите, но соиграчите на Роналдо веруваат дека неговото присуство на стадионот, ќе биде исклучително значајно.

ПретходноВторолигашот Хамбургер против Фрајбург во полуфиналето на германскиот куп
СледноСтојчев и Јовановска нови кадетски шампиони во пинг-понг