Иако Никола Јокиќ несомнено ја „украде“ славата синоќа на дуелот меѓу Денвер и Њу Орлеанс, сепак, на средбата имаше уште еден момент кој не помина незабележливо во медиумите. Станува збор за последниот шут во првото полувреме на дуелот во Денвер, кога гостинскиот кошаркар Инграм во последните 4 секунди за напад успеа некако да ја зграпчи топката меѓу двајца кошаркари на Нагетс, па само ја фрли топката кон противничкиот кош и на изненадување на сите во салата – погоди! Дефинитивно ова е најлудата тројка оваа сезона во НБА лигата.
🤯🤯 WTF 🤯🤯 pic.twitter.com/LdfKqLxlVO
— Sp_ Baloncesto (@sp_baloncesto) March 7, 2022